Нигерија прогласи вонредна состојба по масовните киднапирања и убиството на англикански свештеник

Date:

Share post:

Нигериските власти се соочуваат со една од најтешките безбедносни кризи во последните години, откако повеќе од 300 ученици беа киднапирани во еден напад, а англикански свештеник, киднапиран заедно со сопругата, билпронајден мртов. Ескалацијата на насилството го натерала претседателот Бола Ахмед Тинубу да прогласи национална вонредна состојба и да најавил серија итни мерки за справување со вооружените групи кои дејствуваат во земјата.

Во официјалното соопштение, претседателот најавил регрутирање на дополнителни 20.000 полициски службеници, покрај веќе одобрените 30.000, со нивно итно распоредување во најризичните региони. Тој одобрил и формирање шумска стража под надлежност на Државната служба за безбедност, како и зголемена поддршка за државните безбедносни структури. Дел од наредбите вклучуваат повлекување на полицијата од обезбедување на ВИП личности и нејзино пренасочување кон оперативни задачи, забрана за отворено паша и задолжително предавање на нелегалното оружје од страна на сточарите. Верските објекти биле повикани да побараат дополнителна безбедносна заштита, а била испратена и препорака со предупредување да  не се сместуваат интернати во небезбедни, оддалечени области.

Англиканската црква во Нигерија потврдила дека свештеникот Едвин Ачи од епархијата Кадуна е пронајден мртов, еден месец по неговото киднапирање. Ачи и неговата сопруга Сара биле киднапирани на 28 октомври од нивниот дом, а криминалната група побарала откуп од 600 милиони наири (околу 415.000 долари). Нивната ќерка, исто така, била киднапирана, но не се појавува на фотографијата која киднаперите ја објавија како доказ дека жртвите се живи. Според последните информации, Сара Ачи сè уште е во заложништво.

Вонредната состојба следела по бурна дебата во Сенатот, каде пратениците ги опишале киднапирањата како форма на тероризам и предложиле најстроги казни за извршителите. Биле изнесени загрижувачки податоци за недоволна опрема, лоша разузнавачка поддршка и можни инфилтрации во безбедносните сили на лица поврзани со милитантите. Поранешниот заменик-спикер Идрис Васе предупредил дека во листите за регрутација на армијата и полицијата се појавиле имиња на познати членови на Боко Харам и други криминални структури.

Најмасовниот напад бил киднапирањето на 303 ученици и 12 наставници од католичкото училиште „Света Марија“ во државата Нигер на 21 ноември. Според организацијата Christian Solidarity Worldwide, 253 деца сè уште се водат како исчезнати. Трагедијата дополнително се продлабочила кога таткото на тројца киднапирани ученици почина од срцев удар, веројатно предизвикан од шокот.

Во последните две недели биле пријавени повеќе киднапирања, меѓу кои и грабнување на 26 девојчиња во Кеби, напад врз црковна служба во Квара, при што две лица беа убиени и 38 киднапирани, како и киднапирање на деца и бремени жени. Групите за човекови права оцениле дека порастот на насилството е резултат на дејствувањето на екстремистички организации, криминални банди и вооружени милиции.

Британскиот Парламент предупредил дека северна Нигерија останува едно од најопасните места за христијаните, а извештаите на Open Doors покажуваат дека од 4.476 христијани убиени во светот во последниот период, дури 3.100 биле убиени во Нигерија. Дополнителна загриженост предизвикува и појавата на нова екстремистичка група, Лакурава, вооружена со современо оружје и поврзана со Ал Каеда.

Нигерија се наоѓа во критичен момент, со безбедносна криза што секојдневно одзема животи и ги разорува заедниците, а новите мерки на претседателот Тинубу претставуваат обид да се сопре спиралата на насилството која сè поотворено се претвора во национална трагедија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img