Москва продолжува со црковниот империјализам: Руската Црква си назначува „епископи“ во Африка

Date:

Share post:

Руската Православна Црква (РПЦ) продолжува со агресивната стратегија на ширење надвор од својата канонска територија, откако пред некој ден на седница во Москва Светиот Синод донесе одлука за титулување нови архиереи во рамки на т.н. Патријаршиски егзархат за Африка — структура која директно навлегува во јурисдикцијата на Александриската Патријаршија.

Според официјалното соопштение, митрополитот Зарајски Константин, именуван за егзарх на Африка, отсега ќе го носи титулата „Каирски и Северноафрикански“, додека Јужноафриканската епархија ќе добие архиереј со титулата „Јоханесбуршки и Јужноафрикански“. Засега, и двете епархии ќе останат под раководство на истиот митрополит Константин, што уште повеќе ја нагласува административната импровизација и централизација на РПЦ во туѓи територии.

Овој потег се смета за сериозен удар врз православното единство и уште еден чин на директно поткопување на историската јурисдикција на Александриската Патријаршија, која со векови ја врши својата мисија на африканскиот континент. Наместо дијалог и помирување, Руската Црква избира пат на паралелни структури, поделби и конфронтација.

Потсетуваме дека ова не е прв упад на РПЦ во традиционално признати територии на други православни цркви. По признавањето на автокефалноста на Православната Црква на Украина од страна на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, Москва започна со создавање паралелни структури како казна и одмазда — тренд кој се прошири и во Африка откако Александриската Патријаршија ја призна новата украинска црква.

Со ваквите одлуки, Руската Црква демонстрира дека политичките агенди и геополитичкиот интерес имаат предност пред канонскиот поредок, соборноста и братската љубов меѓу православните цркви. Егзархатот за Африка, наместо израз на мисионерска грижа, сè повеќе наликува на инструмент за духовно влијание и проекција на моќ од Москва на глобално ниво.

2 COMMENTS

  1. Тоа порано меѓу апостолите (но и во раните векови на христијанството) не се нарекувало империјализам, иако знаеме дека и меѓу нив имало кошкање. Факт е дека самоповластените древни патријаршии во нивните непрегледно огромни јурисдикции не постигнуваат да развијат мисии во потребната (барем минимална) мера, а камоли на потребните рамништа. Во спротивно, на пр. во случајов Московската Патријаршија во Африка, не би имала успех таму, и не би имало проблем за “старите господари”. А кога е така, не зборуваме за империјализам, туку за мисија од насушно значење. Друга тема е што ривалствата, апетитите и суетите ги засенуваат конкретните духовни потреби на цели народи. Африканскиот континент во огромен процент е дијаспора за Православната Црква. Реално е така и да се третира. Православната Црква не развила механизми со кои би ја оценувала успешноста на мисијата на такви Помесни Цркви чии јурисдикции по некои мртви нефункционални канони се протегаат на огромни територии, во повеќе земји. И не канонски не отвара простор за интервенција/ промена. А тоа е често голема пастирска негрижа, најчесто искористувана од други конфесии. Значи за какво братољубие тука зборуваме? За клирици од еден табор со клирици од друг? Неефикасноста на нечија мисија во нематична земја се гледа од авион. Подобро е некој да влезе во неговиот труд и да го оплоди одошто лозјето да остане пусто. Бог да ги благослови вистинските трудбеници, се’ друго нека си се лекува (ако веќе велат дека се’ им е дадено имаат и можност за самоисцелување). Не требаше ли тие (епископите, поглаварите итн.) да бидат најдобрите лекари, наместо толку немилосрдно да ни ги сервираат своите духовни болести? Не мислам дека на македонскиот боготрагател му е од полза да ги осудува одлуките или мисиите на Руската Православна Црква. Очигледно е дека тоа настојување претставува значаен дел од вашиот ангажман.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...