Молдавската православна црква политички инструмент на Москва

Date:

Share post:

Во пресрет на референдумот во Молдавија вниманието на медиумите беше насочено и кон Православната црква, која во земјава е претставена со две јурисдикции – Московската патријаршија и Романската патријаршија.

Неколку дена пред изборите, молдавскиот митрополит Владимир (Московска Патријаршија) ги повика молдавските граѓани да учествуваат на претседателските избори и на референдумот за пристапување во ЕУ „без оглед на личните политички ставови и преференции“.

„На 20 октомври не очекува важен граѓански настан на кој ќе одлучиме не само кој ќе ја води државата како претседател во следните четири години, туку и каков ќе биде нашиот пат напред. Како поглавар на Православната црква на Молдавија, но и како ваш сограѓанин, ве повикувам сите совесно да ја исполните оваа должност што ја имаме сите, без разлика на личните политички ставови и преференци, и да бидете одговорни од граѓанска гледна точка“.

Неговиот повик привлече внимание бидејќи Кремљ, преку своите агенти на влијание во земјата, водеше кампања за бојкот на референдумот, кој требаше да собере минимум 30 отсто од гласачите за неговите резултати да бидат валидни. Сепак, прелиминарните анкети покажаа поголем број луѓе кои сакаат да гласаат, што веројатно ја промени стратегијата на промосковските кругови.

Молдавските медиуми потсетуваат дека во 2016 година Митр. Владимир ги прекрши црковните правила со недвосмислено објавување на поддршката за тогашниот проруски кандидат Игор Додон, лидер на Социјалистичката партија на Молдавија. Според молдавскиот Закон за религии, на молдавското свештенство не им е дозволено јавно да ги изразуваат своите политички преференции. Сепак, од 1991 година, Молдавската црква е вклучена во политички кампањи и, како дел од Руската православна црква, по правило покажува пристрасност кон проруските кандидати и партии.

Пример за интервенција на црквата во актуелната политичка кампања беше таканаречениот „Марш на мирот“ на почетокот на октомври, кој започна од манастирот „Чуфли“ до спомен-комплексот „Вечност“ каде се служеше богослужба. На маршот учествуваа сто и педесет луѓе со бело знаме, икони и крстови. Црквата на Молдавија (РПЦ) ја претставуваа тројца епископи и свештеници, од кои повеќето капелани. На настанот присуствуваа и поддржаа проруски кандидати за избори. Според молдавскиот печат, организатор на „Маршот на мирот“ е истиот човек кој ги организирал и „аџилакот“ на молдавските свештеници во Москва. Поради оваа активност, Дмитриј Чистилин, 60-годишен државјанин на Руската Федерација и на Украина, на 5 октомври беше екстрадиран од Молдавија поради „загрозување на националната безбедност“. Под раководство на ФСБ бил одговорен за интеракцијата со свештениците на молдавската митрополија, а на крајот на септември добил црковен орден во манастирот „Св. Димитар“ во Чудар-Лунга.

Вклучувањето на црковните личности во политичките и изборните процеси во Република Молдавија ризикува „да ја компромитира црквата во очите на парохијаните“ и да го фрагментира општеството, вели романскиот историчар и политички аналитичар Арманд Гошу во најновиот подкаст „На агендата“.

Но, искушението да се вклучат во политиката кај некои свештеници е многу силно и си дозволуваат да промовираат одреден кандидат или партија во своите проповеди или обраќања до верниците. Од друга страна, и политичарите се обидуваат да ја вклучат црквата „во световните работи“ затоа што „политичките лидери се слаби, немаат имагинација, немаат веќе аргументи и потоа ја инструментализираат црквата во политичката борба“ – смета аналитичарот.

На крајот секогаш црквата ја плаќа сметката за грешките на политичарите, бидејќи го губи авторитетот кај народот.

Во моментов, во Република Молдавија функционираат две православни јурисдикции – онаа во Молдавија, канонски подредена на Московската патријаршија и онаа во Бесарабија – подредена на Романската патријаршија. Двете јурисдикции се во спор, а јазот се влоши по војната што ја започна Руската Федерација против Украина, при што десетици свештеници се префрлија од една во друга епархија поради нивниот став кон војната.

/двери.бг

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...