Млади од црквата на Албанија во посета на Мала преспа

Date:

Share post:

Триесеттина млади, посетители на летниот камп по веронаука за девојчиња, денеска беа во посета на парохијата во Пустец.

Посебна чест и задоволство беше да ги пречекаме овие млади луѓе кои ги запознав со историјатот на нашите цркви. Ја посетија црквата ” Свети Архангел и Михаил” која се наоѓа во центарот на Пустец, пештерската црква “Света Богородица” на островот Мал Град, која е позната по својата уникатност,  како и познатиот манастир “Света Марена” во Туминец, рече за отец Алексо Темелко.

Додава дека по нивна желба и барање одржал и куса богослужба на македонски јазик, како што тоа редовно го прави на богослужби во сите цркви во општина Пустец.

Мило ми беше што младите го посакаа тоа токму во пештерската црква „Света Богородица“, која со својот фрескоживопис отскокнува од другите пештерски цркви расфрлани по бреговите на Преспанското и Охридското Езеро, посочи отец Темелко.

Според него, а тоа им го кажал и на, како што вели ” овие драги гости” врз основа на записите сочувани на неа, оваа црква претрпела три измени.

Во првиот  пишува дека основач на црквата е Бојко со жена му Евдокија во 1345 година. Во вториот запис, пишува дека црквата е возобновена во 1369 година од Кесар Новак, неговата жена Кали, неговиот син Амирал и неговата ќерка Марија. А, третиот датира во 1607 година, кога е насликана надворешната западна фасада. Внатрешноста на црквата е целосно живописна и е доста позната по ѕидните фрески од византискиот палеолошки стил, објасни отецот.

Инаку, во црквата “Успение на Пресвета Богородица” во Бобоштица, ова лето се одржува третиот по ред летен камп по веронаука.

Го следат млади од сите делови на Албанија а се одржува со благослов на поглаварот на афтокефална православна црква на Албанија, архиепископ Анастас а со поддршка на  митрополитот Јоан, на митрополија во Корча.

/vesnik-ilinden.com

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...