Митрата со охридски бисери главна вест во италијанските медиуми

Date:

Share post:

Веста дека папата Франциск добил митра, рачно изработена од монахињите од манастирот „Свети Георгија-Победоносец“ во Рајчица стана главна тема во италијанските медиуми.

papa mitra 1Специфичниот подарок кој претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски му го подари на папата Франциск при аудиенцијата во Ватикан организирана во рамки на одбележувањето на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Св. Кирил“ ги предизвика медиумите во Италија да објават фотографии од настанот, но и да ги истражат причините за ваквата уникатна идеја на македонската делегација.

Посебни комплименти медиумите дале за раскошната изработка на митрата со охридски бисери, која ја претставиле и како белег на македонската култура и уметничка традиција.

Интересно е што и слободната интернет енциклопедија Википедија веднаш ја ажурирала страната на која е поставен списокот со круните на папата.

Оваа митра монахињите ја изработувале специјално за Папата Франциск. До сега имаат направено околу 700 митри за целиот Православен свет, вклучително и за Вселенскиот, Рускиот, Ерусалимскиот Патријарх.

papa mitra 4Иако пред неколку децении со Ватиканскиот Концил беше укинато носењето на вакви митри, сепак, според монахињите од манастирот Рајчица, таа била подарена како израз на почит и еден специфичен украс во спомен на пријателството со нашата земја.

Митрата како што е добро познато е символ на трновиот венец Христов и своевиден потсетник на одговорноста што претстојателот ја носи пред Бога како поглавар на својот народ.

Р.З.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...