Мијалкови добија орден од МПЦ-ОА за ктиторство на црква во Штип

Date:

Share post:

Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков и неговиот брат, Владимир Мијалков добија одликување од МПЦ-ОА. Орденот Свети Николај им беше доделен денеска од страна на Брегалничкиот митрополит Иларион.

Двајцата се ктитори на црквата Свети великомаченик Димитриј во Ново Село Штип, која денеска беше осветена.

Осветувањето го изврши, Архиепископот Стефан во сослужение на митрополитот Иларион и епископот Јаков.

-На 03.11.2024 година, Недела 19-та по Педесетница; св. Иларион Мегленски, преп. Иларион Велики, преп. Филотеј; се изврши осветување на новоизградениот храм посветен на “Св. вмч. Димитриј Солунски” во Ново Село, Штип, и се отслужи Света Архиерејска Литургија, а чиноначалствуваше Неговото Блаженство господинот и отец наш г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски, во сослужение на Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Епископот Стобиски г. Јаков. Храмот е ктиторско дело на г. Сашо Мијалков, г. Владимир Мијалков и нивните семејства од Скопје. На крајот од Светата Литургија, Неговото Блаженство г.г.Стефан одржа пригодна беседа, а ктиторите г. Сашо Мијалков и г. Владимир Мијалков беа одликувани со орден “Св. Николај” од страна на Митрополитот Брегалнички г. Иларион. Нека е честито и од Бога благословено!, стои во соопштението на брегалничката митрополија.

ГАЛЕРИЈА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...