Марковите Кули ќе блеснат во ново светло, симболот на Прилеп ќе добие уметничка илуминација, најави Проданоски

Date:

Share post:

Симболот на Прилеп, Марковите Кули ќе блеснат во ново светло, со што градот ќе добие современа и уметничка илуминација што ќе ја истакне неговата убавина и историја, изјави Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Прилеп, од ВМРО-ДПМНЕ

-Реконструкција на пристапните патишта до овој локалитет и целосно осветлување на Марковите кули. Ставивме во програма да го осветлиме и илуминација на овој комплекс овде. Дополнително, нешто да го надградиме, бидејќи навистина ни е важно, клучното место во градот да го заживееме да има еден побрз културен напредок. Од 2006 година Маркови кули целиов предел, не само ридот, туку и околниот простор се ставени под заштита. Значи, прогласен е за споменик на природата, како предел со исклучителни вредности. Значи, во секој случај илуминацијата не е нарушување на просторот доколку се изведе онака како што е предвидено, односно врз веќе постоечка инфраструктура на просторот надвор од споменикот и итн. Ако го осветлиме, ќе добиеме прво еден посовремен, поубав лик да го претставиме ова културно богатство коешто го имаме од средновековието и да ја збогатиме на некој начин туристичката понуда, вели кандидатот за градоначалник.

Тој смета дека со паметни интервенции и со паметно вложување, може да се унапредува и да се зголемува вредноста на самиот локалитет и можностите кои градот ќе ги добие покрај едно вакво природно и културно наследство.

-Идејата согласно програмата е да се обнови осветлувањето коешто некогаш сме го имале со современи уреди да се дополни, односно да се вклучи во она што е понатаму за развој на градот во Сејф Сити, да вклучиме и видео надзор за ова природно богатство да не се уништува и понатаму овие Маркови кули да се реконструираат. Постојат големи можности да се одвиваат работите во тој тек. Во оваа прва фаза ја поздравувам идејата да се вклучи Сејф Сити во Марковите кули“, рече Проданоски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

Балканот повторно се наоѓа на крстосница меѓу вистината и манипулацијата, демократијата и авторитаризмот. Како што се приближуват изборите...

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...