Манастирот Свети Андреј на Матка стана културно наследство од големо значење

Date:

Share post:

Манастирот Свети Андреј на Матка, изграден во XIV век доби статус на културно наследство заштитено од државата со особено значење. Категоризиран е во поткатегоријата „големо значење“.

Ваква одлука донела Владата на денешната седница. Во соопштението од владината прес служба пишува дека на оваа седница владата ја одобрила предлог-одлуката за прогласување на Манастирот Св. Андреја – Матка, во општина Сарај, изграден во 1388 – 1389 година, за културно наследство од особено значење, во поткатегоријата големо значење.

Дополнителни информации за одлуката нема.

Инаку Манастирот Свети Андреј претставува еден од ретките манастири во кој се зачувани повеќето фрески од времето на градбата и тоа се значајни фрески за историјата на Црквата. Посветен е на Апостол Андреја.

Црквата ја изградил синот на кралот Волкашин, Андреја, во 1389 година. Фреските се дело на митрополитот Јован (брат на познатиот иконописец Макариј) и јеромонахот Григориј, кои се потпишани во проскомидијата. Додека митрополитот е познат како зограф кој работел во околината на Прилеп (меѓу другото, ја има насликано иконата „Исус Христос Спасител и Животодавец“ за манастирот Зрзе во 1384 година), Григориј тука се јавува за првпат.

Во уметнички поглед овие фрески, според зборовите на стручњаците, претставуваат новина во македонското средновековно сликарство.

Во внатрешноста живописот е распоредеен во три хоризонтални зони. Притоа, изборот на композициите е намален со оглед на ограничениот простор за живописување. Фреско-декорацијата се издвојува, со своите стилски и уметнички квалитет, како и иконографските особености, од останатите споменици подигнати во Македонија во тоа време.

Лицата и фигурите на светите воини (светците Ѓорѓија, Димитрија, Теодор Тирон и Теодор Стратилат), прикажани во првата зона во цел раст, се преставени со животна сила и дејствуваат световно во својот израз.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...