Црквата на Крит се нашла во состојба на неизвесност по објавувањето на кандидатурите за наследник на поранешниот митрополит на Сфакија. Според достапните информации, поранешниот митрополит именувал свој „предлог-кандидат“ за наследник, што предизвикало силни реакции меѓу членовите на Синодот, клириците и верниците – критичарите тврдат дека таквата процедура не е договорена ниту официјализирана од надлежните црковни тела. Поточно, според извештајот на newshub.gr, Ириниј го посочил архимандритот Атанасиј Карахалиос да го заземе неговото место. Тој служел како протосинсел на поранешната митрополија речиси две децении.
Инаку, на вчерашниот неформален на митрополитите на Критската црква состанок, за кој најави и Религија.мк, 81-годишниот митрополит Иринеј од Сфакија, со цел да го олесни патот за избор на митрополит на неговата поранешна епархија, поднел оставка на почетокот на седницата, одбивајќи ја позицијата во Мосхонизија, на која беше назначен од Патријаршијата.
На вчерашниот состанок, исто така, беше одлучено дека тричлена делегација ќе отпатуваат во Фанар во петок, 12 декември, за разгледување на состојбите и изнаоѓање решение.

