Безбедносните камери снимија човек како краде пари од икони во црквата „Свети Никола“ во Катланово. Видеото од кражбата го објави ТВ Стар.
Настанот се случил минатата недела во црквата „Свети Никола“ во Катланово кај Скопје.
На снимката се гледа како крадецот влегува сам, внимателно ги разгледува иконите и собира пари оставени од верниците за здравје, по што мирно ја напушта црквата.

