Кирил Московски: „Грижата за ранетите учесници во војната е приоритетна пастирска должност на Црквата“

Date:

Share post:

Во Патријаршиската сала при катедралниот храм „Христос Спасител“ во Москва, се одржала проширена седница на Епархискиот совет на градот Москва, со која претседавал патријархот Московски и на цела Русија Кирил. На седницата учествувале викарни архиереи, старешини на црковни окрузи и претседатели на комисии при Епархискиот совет, соопшти Московската патријаршија.

Во своето обраќање, патријархот Кирил се осврнал на значењето на пастирската грижа за ранетите учесници во т.н. „специјална воена операција“, како и на поддршката за нивните семејства, истакнувајќи дека ова претставува исклучително важна задача за свештенството. Тој потсетил дека дури и во годините на Втората светска војна, кога државата имала непријателски однос кон верата, Црквата активно учествувала во помошта за ранетите и во материјалната поддршка на фронтот, што, според него, довело и до промена во односот на тогашното советско раководство кон Црквата.

Патријархот нагласил дека во сегашните услови, кога односите меѓу државата и Црквата се поинакви, пастирската грижа за ранетите, за оние кои страдаат и за нивните семејства треба да биде природна потреба на секој свештенослужител. Тој оценил дека многумина имаат ограничено или критичко гледиште за Црквата, но дека нивниот однос се менува кога сведочат за конкретните добри дела на свештенството и црковните активисти.

Според патријархот Кирил, грижата треба да биде приоритет за оние кои денес го ризикуваат својот живот и за оние кои се повредени во војната против Украина, бидејќи токму преку таквото однесување многумина ќе го формираат својот суд за улогата и сведоштвото на Црквата во услови на реален воен конфликт. Тој подвлеколдека местото на свештеникот е таму каде што има болка, страдање, загуба на здравје или живот и каде што постои итна потреба од материјална и духовна помош.

На крајот од седницата, патријархот Кирил им се заблагодарил на сите учесници, оценувајќи дека работата поминала динамично и дека биле разгледани важни прашања и донесени соодветни одлуки. Тој изрази надеж дека Епархискиот совет дал значаен придонес за понатамошниот развој на црковниот живот во Москва и упатил молитвена желба за продолжување по истиот пат и во иднина.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here