Верски календар: 31 Август
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Рајмунд Нонат.
Бил роден во 1200 година во Портелу во близина на Барселона. На 24-годишна возраст стапил во редот на мерцедиевците кои ги ослободувале робовите. Така и Рајмунд му се посветил на ослободувањето на шпанските робови заробени од страна на Сарацените и Маурите. Подоцна заминал во Алжир каде работел. Поради активностите како христијанин бил затворен осум месеци. Неговата стрпливост и истрајност му овозможиле храбро да ги поднесе мачеништвата. Свети Рајмунд умрел во 1240 година.