Верски календар: 6 Јули
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Марија Горети.
Била родена во 1890 година, Кориналдија, во Италија. На 12-годишна возраст маченички била убиена. Убиецот бил осуден на казна затвор од 30 години. Кога маченичката Марија му се појавила на сон, тој се покајал за злосторството што го направил. Кога излегол од затвор ја молел нејзината мајка да му прости. Поради верувањето во Господ, таа му простила. Во текот на прогласувањето на Марија Горети за светица, тој бил главен сведок дека маченичката Марија била света.