Верски календар: 08 Септември
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/Празник по повод раѓањето на Марија.
Веќе 12 векови црквата го прославува овој празник. Со нејзиното раѓање се отворил нов период кој го најавува нашето спасение. Марија ќе го роди Исус Христос, спасителот на светот кој потполно го победи ѓаволот и ни ја отвори вратата кон рајот, т.е. вечниот живот.