Верски календар: 27 Јули
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. кордовски маченици.
Групата кордовски маченици ја сочинуваат: Јурај, Аурелиј, Феликс, Наталија и Лилиоза. Аурелиј бил роден во Кордоба во Шпанија. Кога се оженил со Наталија живеел како христијанин. Еднаш бил сведок на случката кога еден христијанин храбро ја исповедал својата вера во Христос. Бил многу вознемирен и поради тоа посакал да биде маченик за Христос. Со истиот идеал бил зафатен уште еден брачен пар: Феликс и Лилиоза, како и монахот Јурај. Во 852 година сите биле осудени на смрт поради тоа му се спротивставувале на исламот.