Верски календар: 15 Декември
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Кристина.
Северно од Арменија во јужните делови на Кавказ се наоѓа Грузија. Според историчарот Руфин, кралот од чевртиот век како паганин, довел многу христијански робови во Грузија. Меѓу нив била и една девојка која се викала Нуне. Кога ја прашале како се вика, таа одговорила: „Кристина“, а тоа значи „христијанка“, и така го добила своето име. Таа како робинка отишла во куќата на еден богат човек. Работела многу, но луѓето кои живееле во куќата на ја познавале вистинската вера, па затоа размислувала да побегне. Луѓето зборувале дека Кристина знаела да ги излекува болните луѓе, а таа одговарала: „Христос лекува, а не јас“.