Верски календар: 14 Декември
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Иван од Крст.
Роден е во 1542 година во Кастилија. Уште во раната младост бил привлечен од идеалот на контемлација, па во дваесет и првата година од животот одлучува да стане кармеличанин. Тој Црквен ред има голема побожност кон Марија. Во времето на реформите, во 16 век, Иван бил нејзин приврзаник, и на непријателите за обнова на Црквата, им кажувал: “Уживам во слабостите и тешкотиите на животот, бидејќи со нив го надополнувам тоа што им недостасува на Христовите страдања”. Свети Иван умрел во 1591 година, исцрпен од спасувањето на бесмртните души. Му се молат сите, за да се спасат и да живеат вечен живот.