Верски календар: 10 Декември
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Милтијад.
По потекло бил од Африка. За папа бил избран во 310 година. За време на неговото управување со црквата во 312 година го победил Константин Велики, својот непријател и непријател на христијанството на римскиот цар Максенциј на Милвијскиот мост на реката Тибар. Во 313 година, на Константин со својот совладетел Лучиниј му го издал гласовитиот Милански едикт со кој на христијаните им е дадена слобода и така завршило крвавото прогонство кое траело два ипол века. Поради мирот, кој црквата го добила, Свети Августин го нарекол папата Милтијад “вистински син на Христовиот мир”. Верниците му се молат во сите прилики во животот.