Верски календар: 25 Октомври
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Кризант и Св. Дарија.
Тие се маченици од третиот век. Непријателите на христијанската вера на многу начини сакале и се обидувале да го одречат од верата. Кризант го затвориле во соба и пуштиле пет голи жени со цел да го наведат на неморал и грев, но не успеале во тоа. Тогаш во собата ја донеле најубавата жена, Дарија, која требало да го наведе на грев, но наместо тоа , тој на неа делувал, таа да стане христијанка. Таа се покрстила и ја ширела христијанската вера. Двајцата биле на различни начини мачени и умреле во маки. Верниците им се молат за да останат доследни на верата како и за помош против неморалните искушенија.