Соборот на канонски православни епископи од Дијаспорта во САД, го одржа 13 состанок, на кој присуствуваа сите епископи на автокефални православни цркви, освен епископт на Руската црква, кој не дошол на закажаниот состанок во Атланта.
Ова тело е формирано по Соборот на Крит, каде беше донесена одлука за функционирањето на дијаспората на автокефалните цркви.
Според соборските одлуки од Крит, ничија дијаспора не е ставена под прашалник, ниту е припоена кон Фанар, туку сите цркви се дел од јуриздикциите на сопствените автокефалните цркви, а нивните тамошни епископи формираа „Совет на канонски епископи“, со кои претседава епископот на Вселенската патријаршија.
Иако Руската и Бугарската црква не учествуваа на Соборот во Крит 2016 година, сепак тие ги почитуваат соборските одлуки и нивните епископи се дел од овие собори на канонски епсикопи. Неприсуството на рускиот епсикоп на состанокот во Атланта е резултат на дел од дневниот ред, на кој бил и прашањето за војната во Украина.
Но, она што е интересно да се забележи е што во тој Собор на каноснки епископи не членува Владиката Методиј од МПЦ-ОА.
Зошто, кога МПЦ-ОА е автокефална црква со Томос од СПЦ? Интересно прашање за македонските владици. Зошто МПЦ-ОА не е дел од овој Собор на канонски епсикопи?
Откако МПЦ-ОА е автокефална црква, ова тело во САД има одржано најмалку 3 состаноци, и на ниту еден од нив не присуствува владиката на МПЦ-ОА.
Ако се погледне официјалниот состав на членови, ќе се види дека меѓу нив ја нема МПЦ-ОА. Таму се владиците на СПЦ, на ГПЦ, на Руската црква, Романската, Бугарската, Грузиската, Антиохија и на сите помесни автокефани цркви кои имаат црковна дијаспора во САД, освен на „автокефалната“ МПЦ-ОА.
Чудно, но зошто владиката Иринеј од СПЦ, чија црква потпиша Томос за автокефалност не го поставил на дневен ред прашањето за членувањето на Владиката Методиј во овој Собор на Епископи? Зошто ако МПЦ-ОА е автокефална, би имало проблем да членува во тој Собор? Или пак Владиката на Централна и Јужна америка на СПЦ, (бидејќи се двајца членови) не го направил истото?
Доплнително, зошто Бугарскиот епископ Јосиф, не ги поставил на дневен ред истото прашање, за членство на МПЦ-ОА во советот?
Или пак, зошто Рускиот епископ Матеј не го поставил и не издејствувал членство на МПЦ-ОА во советот како автокефална православна црква? Имл Митрополитот Тихон од задграничната руска црква не го поставил на дневен ред ова прашање, која исто членува како автономна црква на РПЦ.
Во тоа е и суштината на „автокефалноста“ на МПЦ-ОА.
Владиката Методиј не е таму, затоа што МПЦ-ОА не е автокефална црква за православниот свет. Еве синодот во состав од тројца членови, на следна синодска седница, нека напише писмо со реакција и да бара веднаш прифаќање на епископот на МПЦ-ОА во овој, а и во другите совети формирани во Европа. Каква е таа неправда, да се биде автокефална црква, а некој таму да не ја признава за автокефална. Па нели Томос има МПЦ-ОА?
Инаку, канонските владици на Православните цркви во САД, на овој состанок разговарале за последиците од ураганот „Хелена“, носејиќи координирани одлуки за помош на настраданите.
Исто така Сборот ја осудил ескалацијата на насилството во Газа, Западниот Брег, Израел, Либан, Јордан, Сирија и поширокиот регион.
-Во оваа светлина, архиереите се молеа за безбедност, особено на Патријаршијата на Антиохија и Ерусалим, како и за брзо завршување на конфликтот, враќање на сите заложници и за обнова на Газа, Западниот Брег, Либан и целиот регион во согласност со стандардите на човечкото достоинство и меѓународното право, како и одржлив мир на Блискиот Исток. Насилството никогаш не може да го реши насилството и мирот треба да се следи по секоја цена, стои во соопштението.
Собранието ја повторило својата „загриженост и длабока тага за тековната инвазија на Украина од страна на Руската Федерација, како и за црковните предизвици во земјата“ и продолжува да се моли „за мирно решавање на оваа инвазија која ги поддржува граѓанските и човековите права на сите Украинците… повикувајќи на итен прекин на непријателствата и враќање на сите заробеници“.
Следните два состанока ќе се одржат во Денвер и во Пенсилванија. Можеби МПЦ-ОА ќе биде автокефална до тогаш, па и нејзиниот владика ќе учествува во Соборот, наспроти лажните заплашувања дека некој ќе и ја земе дијаспосрата.


Patericata tamu ja drzi nekoj drug.
Odete I kazete I’m na iljadnicite Makedonci tamu za ova.
Vie tuka ne se molite za nas, za Liban ke se molite tamu.
Od umot izgubeni.
Site tamu sedat kako Grci, Srbi, Bugari, Romanci, Gruzijci.
Nie treba kako Ohrigani neli?
Vie treba da kazite sto trebalo da se zaprasaat nasite vladici!?!
I sto ako bese dedo Metodij? Ke ja zaprea vojnata vo Ukraina neli?
Site se ednakvi ,nekoi poednaki od ostanatite..Site se braka ,nekoi pobraka od osstanatite.Odgovorot ne go znaeme (ko Ohridjani?, sto ako bese v.Metodij? , zosto MPC-OA ne e avtokefalna crkva vo pravoslavniot svet ? ,pri dobien Tomos vo 2022 g)