На 9 ноември 2025 година, по повод 50-годишнината од осветувањето на храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ во скопската населба Ѓорче Петров, Архиепископот Охридски и Македонски Стефан, богослужеше Света архиерејска литургија.
На литургијата сослужуваа Митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф и Епископот Хераклејски Климент.
Во рамките на свеченото богослужение, протојерејот Коста Малинов беше ракопроизведен во чин протојереј-ставрофор, додека богословот Давид Пачовски беше произведен во чин чтец.
Многубројниот верен народ присуствуваше на Светата Литургија и се причести со Светите Христови Тајни, изразувајќи благодарност за половековното постоење на својот храм – духовен дом на многу генерации верници од Ѓорче Петров.

