Исламската верска заедница остро реагира на случката од синоќа во Радовиш, кога поради немање услови во Домот на Културата не била одржан настанот поврзан со програмата за деновите на Пророкот Мухамед, кој би во организација на турската амбасада во Македонија.
-Исламската верска заедница на Македонија остро реагира против овој анти-исламски гест и бара од надлежните органи итно да ги казни сите оние кои го попречиле одржувањето на програмата. Бараме и јавно извинување до сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија, а против хулиганите под маската – менаџери во културата да се преземат мерки. Културните и религиозните разлики се предност, стои во реакцијата на Ријасетот на ИВЗ.
ИВЗ посочува дека она што синоќа се случувало во Радовиш е доказ за сите маски на соживот и толеранција! Дополнително скандалозно е што во Радовиш вчера беа и високи гости, дипломати од Турција.

