ИВАНОВ: Овој празник нека биде поттика за меѓусебно помагање

Date:

Share post:

Претседателот Ѓорге Иванов по повод почетокот на рамазанските пости упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, Реис-ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, до членовите на Ријасетот и до сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија.

– Во исламот, Рамазан е светиот месец, тоа е месец на молитва, добрина, простување, милосрдие и љубов. За време на Рамазан се слави духовното воздигнување и телесното прочистување. Деновите на пост се можност за секој верник да го отвори своето срце кон великодушноста и хуманоста, помагајќи им на сиромашните и изнемоштените, и молејќи се за простување на своите гревови. Нека овој празник биде поттик за меѓусебно помагање и почитување бидејќи само заедно, почитувајќи ги разликите ќе успееме да изградиме посветла иднина за сите граѓани на Република Македонија. Во духот на празникот Ви посакувам лесни рамазански постиж, стои во честитката.

Иванов на сите припадници на исламската вероисповед во земјава им посакува мир, благосостојба, љубов и проштавање.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

Балканот повторно се наоѓа на крстосница меѓу вистината и манипулацијата, демократијата и авторитаризмот. Како што се приближуват изборите...

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...