ИВАНОВ: Овој ден е потсетник за улогата на жената во семејството и во општеството.

Date:

Share post:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан и до сите верници од православна вероисповед.

mpc grb 2– Одбележувајќи го овој празник ги чествуваме и љубовта, мудроста и скромноста. Овој ден е потсетник за големината на Мајката на Господ Исус Христос, но и улогата на жената во семејството и во општеството. Ликот на светицата најчесто се поврзува со страдање и тага, но она што ја велича Богородица е нејзината верба, трпение, скромност и љубов кон Бога и кон ближниот свој, стои во честитката.

Успението на Пресвета Богородица, додава Иванов, е сведоштво за победата на понизноста над горделивоста, сигурноста над стравот и себедавањето над егоизмот.

– Водени од овие христијански вредности и сочувствувајќи со настраданите од неодамнешните поплави, Ве повикувам да бидеме солидарни, хумани и да дадеме помош на оние на кои им е најпотребна. Празникот на Мајката Божја во земјава се прославува и како празник на спасението, грижата и довербата. Овој ден нè учи дека разделбата може да значи и соединување, а грижата за послабите и немоќните наше исправување и просветлување на умот и срцето, мотив за извршување добри дела, нагласува претседателот.

Како што подвлекува, делото на Пресвета Богородица е вкоренето во нашата традиција и верување, а нејзиното успение е симбол на возвишувањето и вербата во милоста, човечноста и благодатот.

/МИА

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...