ИВАНОВ: Да си простиме, да се помириме и да се обединиме

Date:

Share post:

Претседателот Ѓорге Иванов, упати честитката до поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и до сите христијани, по повод големиот празник Христово раѓање – Божиќ.

„ Дозволете ми, Вам, на сите верници од православна вероисповед, на членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното свештенство и монаштво, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник, Рождество Христово – Божиќ. Празнувајќи го Божиќ ние се сеќаваме на еден од клучните настани во историјата, а тоа е денот кога Синот Божји стана и Син Човечки за да го покаже патот до вистината која носи надеж за живот.

Божјото поистоветување со луѓето преку Исус Христос е, воедно, и најсилната недвосмислена потврда на вроденото човеково достоинство и неотуѓивата вредност на секој човек, независно од етничката, јазичната, верската, социјалната припадност, независно од полот и возраста. Поради тоа, ние сме обврзани љубовта кон Бог да ја искажеме преку почитувањето на нашите ближни, нашите семејства, нашите соседи, нашите сонародници, нашите сограѓани. Денес, повеќе од кога и да било порано во Република Македонија ни е потребно одново да ја откриеме таа почит. Овој Божиќ е уште една можност за да си простиме, да се помириме и да се сплотиме околу трајните вредности. Ова е можност да градиме човечно, солидарно и праведно мултиетничко општество во кое ќе владеат праведни закони.“, пишува во честитката на Иванов.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Зелински одобри санкции за 11 новинари за ширење руска црковна пропаганда

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, одобри одлука на Советот за национална безбедност и одбрана (СНБО) за воведување санкции врз 11...

Патријархот Порфириј предводеше годишна панихида за жртвите од несреќата во Нови Сад

Во присуство на неколку илјади верници, меѓу кои и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и високи државни...

Архиепископот Елпидофор: Технолошкото цунами нè повикува да ја зајакнеме Арката на спасението

На богословско-научна конференција во Бруклин, САД, посветена на темата „Дали божественото и дигиталното се пресекуваат?“, Архиепископот на Америка...

Руската православна црква воведува молитва против абортус: Целта е да ги „вразуми“ жените

Руската православна црква објави дека ќе воведе посебна молитва посветена на „вразумување“ на жените кои планираат абортус. Одлуката...