Идентификуван еден од двајцата терористи кои ја нападнаа црквата во Сант Етиен ди Рувре

Date:

Share post:

Деветнаесет годишниот Кермиш Адел е идентификуван како еден од двајцата напаѓачи на црквата во Сант Етиен ди Рувр, во близина на Руан, при што беше убиен свештеникот Жак Хамел.

– Идентификацијата на вториот напаѓач, исто така, застрелан од страна на специјалните полициски сили, се уште е во тек, соопшти јавниот обвинител Франсоа Молан, јавува дописникот на МИА од Париз..

Роден на 25-ти март 1997 година во Монт Сант Ењан во Нормандија, Адел Кермиш нема пресуди во неговото криминално досие, но и бил познат на полицијата поради два обида да замине во Сирија.

crkva francija 6На 23 март 2015 година, член на неговото семејството го пријавил исчезнување на младиот човек. Тој беше уапсен истиот ден од страна на германските власти, кога се обидел да отпатува во Сирија со помош на документи на неговиот брат.

Подоцна, на 11 мај 2015 година, Адел Кермиш повторно заминува, но е упасен во Турција со лична карта на својот братучед од Женева.

Вториот напаѓач, кој се уште не е официјално идентификуван, е малолетник, роден во Алжир и е помлад брат на едно лице кое е предмет на меѓународна потерница и кој заминал во Сирија со документи за лична идентификација на Адел Кермиш.

Вчерашното убиство на 86-годишниот свештеник предизвика бран на солидарност и згрозеност од овој вандалски чин. Во Елисејската палата денеска ќе се одржи состанок на Советот за безбедност и одбрана, а потоа францускиот претседател Франсоа Оланд ќе ги прими претставниците на сите религиски заедници во Франција.

Овој напад, за кој одговорноста ја презеде Исламска држава, е јасен показател дека исламистичките терористи сакаат да предизвикаат религиозна војна, напаѓајќи католичка црква и убивајќи на варварски начин нејзини свешетеник.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

Балканот повторно се наоѓа на крстосница меѓу вистината и манипулацијата, демократијата и авторитаризмот. Како што се приближуват изборите...

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...