Хуман Бадник во услови на Пандемија

Date:

Share post:

Верници и свештеници на МПЦ-ОА од Гевгелија, утре на Бадник ќе поделат над 70 пакети на социјално ранливи категории граѓани со основни продукти и на тој начин ќе го одбележат бадник во услови на Пандемија.

Во хуманитарната акција учествуваа свештенството при манастирот Свет Спас и црквата Свети Кирил и Методиј, заедно со здружението Просветлена жена

Во година на голема криза, поради пандемијата, Гевгелија со најголем одзив до сега за нивните сограѓани кои живеат во социјален ризик. Со помош и организација на свештенството при манастир “Свети Спас”, црква “Свети Кирил и Методиј” и здружението “Православна жена” се подготвија 72 богати вреќи со основни продукти, пакет кроасани и Божикно пакетче. Во текот на утрешниот ден сите ќе се поделат на семејства на кои што им е потребно, велат од Епархијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here