Христијански документарец спречен да се снима во историска пештера во Англија

Date:

Share post:

Документарец со христијанска ориентација бил спречен да снима на историско место во Северна Англија, што предизвикало реакции за можни ограничувања врз пристапот до верското и културно наследство. Британскиот режисер Кристијан Холден — познат по својата работа на филмови со христијанска тематика — побарал дозвола од Националниот фонд да снима во St Cuthbert’s Cave, историска пештера во близина на Белфорд, во округот Нортумберленд, на северот на Англија. Пештерата е поврзана со Св. Кутберт, кој е покровител на Северна Британија и за кого традицијата вели дека таму бил положен неговиот гроб во 875 година. 

Холден работи на документарец насловен The Way of St Cuthbert, кој го следи историскиот пат на светителот од Манастирот Мелрос во Шкотска до Линдисфарн на брегот на Нортумберленд, но од Националниот фонд му била одбиена дозвола за снимање во пештерата. Првично му било соопштено дека институцијата има политика против снимање со „религиозна припадност“, иако подоцна портпаролот рекол дека “не постои формална политика за снимање со религиозна содржина” на имотите што ги управува. 

Христијанската организација за човекови права Voice for Justice UK, која го поддржува  режисерот, изразила загриженост дека одбивањето можеби претставува дискриминација врз основа на верата — особено затоа што Законот за еднаквост од 2010 година во Обединетото Кралство ја заштитува религијата како лична карактеристика. Организацијата побарала објаснување, извинување и соодветна репарација за Холден, тврдејќи дека одлуката може да биде прекршување на законот. 

Од Националниот фонд соопштиле дека ќе ја преразледаат одлуката. Тие, исто така, посочиле дека управуваат со историски капели и цркви, од кои некои сѐ уште се во функција за богослужба, и дека немаат формална забрана за снимање религиозни содржини, нагласувајќи дека секоја таква молба мора да се разгледува поединечно. 

Случајот отворил поширока дебата за границите помеѓу заштитата на историските локалитети и правото на верски и културни авторитети да пристапуваат до и да го документираат ова наследство, особено кога станува збор за места со значајна христијанска историја. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here