Германскиот претседател Штајнмаер во џамијата во Пензберг пречекан од имам од Скопје

Date:

Share post:

Претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмаер, ја посети џамијата во германскиот град Пензберг, при што беше пречекан од имамот на џамијата Бењамин Идриз кој е по потекло од Скопје, јавува Агенција Анадолија (АА).

Штајнмаер оваа џамија при Исламската заедница во Пензберг ја посети заедно со неговата сопруга, Елке Буденбендер, и министерот за внатрешни работи на германската сојузна покраина, Баварија, Јоаким Херман.

Во рамките на посетата, германскиот претседател беше информиран за џамијата од имамот Бенјамин Идриз, како и од потпретседателот на Исламската заедница во Пензберг, Ѓонул Јерли.

Меѓу другото, Ѓонул Јерли на Штајнмаер му раскажа дека езанот во целиот свет се учи на арапски јазик и го информираше и во врска со активностите кои ги реализираат во џамијата.

Имамот Бењамин Идриз го преведе значањето на езанот на германски за Штајнмаер, кого го придружуваше при посетата низ џамијата.

Штајмаер во своето обраќање со пофалби зборуваше за активностите на исламската заедница во Пензберг и изрази задоволство поради активностите кои ги реализира оваа џамија и за лицата кои не се муслимани.

/A.A

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here