Георгиј на средба со конзерваторскиот центар

Date:

Share post:

Директорот на Националниот конзерваторски центар од Скопје, Александар Јорданоски, заедно со Љупчо Тануровски, документарист, имале средба со Митрополитот Дебарско-кичевски, Георгиј.

Средбата била со цел да се координираат активностите на установата за 2026 година во дел од сакралното културно наследство во надлежната територија, односно за фрескофрагментите од Кнежино.

Националната установа во еден дел на оваа епархија има своја територијална надлежност, како: Кичево, Дебар, Маврово и Ростуше и Центар-Жупа..

-Исто така, директорот оствари средба и со архимандритот Нектариј, игумен на манастирот Св. Наум, при што беше запознат со состојбата на фрескоживописот во манастирската црква Св. Архангел Михаил, како и идејата да се воспостави постојана музејска поставка која ќе ја прикаже хронологијата на овој манастирски комплекс, стои во соопштението.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img