Фрчковски: Некои во МПЦ се националисти, но Црквата не е опасност за политиката

Date:

Share post:

Македонската православна црква е исклучително конзервативна, на еден националистички начин, но не претставува проблем за домашната политика, како што тоа е случај во Србија. Оваа анализа ја направи, Љубомир Фрчковски, во гостувањето на емисијата Во Центар, одговоарајќи на прашањето дали во Македонија, МПЦ-ОА е носител на српскиот свет, како што во извештајот на Европската унија е дефинирана таквата улога на СПЦ во Србија.

-Македонската црква, барем некои од тие владиците, кои се крајно несимпатични директно се плеткаат во политика. Тоа е неприфатливо. Тоа е возможно затоа што Македонците во оваа независност станаа исклучително религиозна популација на еден традиционалистички начин. Тоа е директно политичко асоцирање околу тоа со ставови за тоа како .. околу името, што со Преспа договорот, што со Бугарија договорот. Кои се предавниците внатре. Тој модел е толку силен што има фракции во левичарските партии. Сетете се на таа групација во Струмца… беше СДСМ религиозна варијанта, па анти човекови права, анти права на жена, што е скандал за социјалдемократите поголем, него скандал за вмровците. Врмовците се такви со роџење, така се вика. Но тоа беше проблем за левицата. Така што тоа е еден токсичен момент, но црквата нема некоја преголема улога кај нас фала Богу, заради нејзината историска традиција. Српската црква има сосема други токсични исталации внатре во српското општество, така што она е многу посилна кога ќе тргне. Нашата е поповршна, но се уште во еден дел исклучително козервативна, на еден националистички начин. Некои од нив, не сите. Но не е… не мислам дека е голем проблем за политиката нашата православна црква, изјави Фрчковски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Свештеник на УПЦ – Московска Патријаршија обвинет за убиство по тепачка во манастирот „Воздвижение на Чесниот Крст“

Прокурорите од Обласното обвинителство во Хмелницки, Украина, поднесоа обвинителен акт против 46-годишен свештеник за нанесување на тешка телесна...

Турција систематски ги прогонува христијаните под изговор на „национална безбедност“

На конференцијата за човекови права на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), што се одржува во...

Украински пастор убиен во напад со дрон додека превезувал храна и лекови

Пасторот Леонид Скуматов останал во својот роден град Мирноград, во Источна Украина, до самиот крај, иако градот постојано...

Папата Лав XIV на средба со жртви на свештеничко насилство во Белгија

Папата Лав XIV во петокот попладне се сретнал со петнаесет лица од Белгија кои како деца биле жртви...