Папата Франциск нема да отстапи од идејата за промена на перцепцијата за Римокатоличката црква. И покрај жестоките критики од ултраконзервативните струи во Ватикан, Франциск вели дека ќе продолжи напред и дека критиките нема да го спречат.
Ова Папата го изјавил во интервју за аргентинскиот весник, „Ла Национ“ одговарајќи на прашањето за односот со ултраконзервативците во Црквата.
-Тие си ја вршат својата работа, јас мојата. Јас сакам да ја видам Црквата отворена, разбирлива и како поддржувач на ранливите семејства. Тие на се велат „НЕ“. Јас пак продолжувам да одам понатаму, без да погледнувам назад и без „отсечени глави“. Никогаш не сум сакал да го правам тоа и уште еднаш повторувам: „Јас не сакам конфликти“, изјавил Франциск за аргентинскиот весник.

