Европските бискупи со молитва против коронавирусот

Date:

Share post:

Европските бискупи во заедничко соопштение објавено на 12 март 2020 година повикаа на молитва за заразените од коронавирусот и за здравствените работници кои се грижат за нив.

Соопштението е потпишано во Бриесл од претседателот на Советот на епископските конференции на земјите од Европската унија (COMECE), кардинал Жан Клауд Холерих и претседателот на Советот на европските епископски конференции (CCEE), кардинал Бањаско. Ова е тежок момент, луѓето во оваа епидемија се ставени на голема проба, истакнуваат европските бискупи и сите ги повикаа на одговорно однесување за да се избегне ширењето на заразата.

„Господи, ослободи не од болеста и стравот, оздрави ги нашите болни, утеши ги нивните семејства, дај им мудрост на одговорните во власта, енергија и сила на лекарите, медицинските сестри и волонтерите, а на починатите живот вечен“ – стои во молитвата на европските епископи.

/Ватикан њуз/к.мк

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img