Десет години столб на хуманоста – Свети Спас одбележа јубилеј

Date:

Share post:

Хуманитарната организација Свети Спас, под раководство на отец Оливер, одбележа 10 години од основањето.

Јубилејот беше одбележан со настан на кој организацијата им се заблагодари на сите кои помогнале таа да опстои овие десет години. Меѓу оние кои добија плакети за човечност и добрина и поддршката на хуманите дела, беше и сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, која сите овие години активно ја помага органзиацијата и преку волнтерство. Тука беа и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓеорѓиевски, градоначалниците на Аердором и Кисела Вода, Дејан Митевски, Бети Стаменковска Трајкоска, компании, медиуми и македонски музички ѕвезди.

Органзиацијата му се заблагодари и на Архиепископ Охридски и Македонски г.г Стефан, со чиј благослов таа функционира, подарувајќи му архиерејска митра.

-Благодарност и до сите кои тивко, без желба за признание, придонесоа со труд, време, средства и молитви. Заедно покажавме дека кога сме обединети во љубовта кон ближниот, можеме да направиме големи и трајни дела. Со вера, смирение и надеж продолжуваме понатаму, решени и во иднина да бидеме рака што помага и глас што сведочи за добро, изјави отец Оливер.

-Оваа деценија зад нас е сведоштво за вистинската љубов кон ближниот, за пожртвуваноста без услови и за тивката, но постојана служба исполнета со вера и надеж. Во изминатите десет години, „Свети Спас“ стана дом на милосрдието – место каде гладниот беше нахранет, осамениот прегрнат, а заборавениот повторно доби надеж, вели тој.

Органзииацијата досега има поделено над 24.000 пакети со храна и хигиенски средства, а преку црковно народната кујна се подготвени и поделени над 185.000 оброции, на пунктови за помош.

-Овие бројки не се само статистика, туку сведоштво за илјадници човечки животи допрени со љубов и грижа. Од сесрце им благодариме на сите донатори, волонтери, поддржувачи, соработници и пријатели кои низ годините ја носат оваа мисија заедно со нас. Вашата доверба, пожртвуваност и вера во ова дело се темелот на секое добро дело што е реализирано. Бог да ве благослови и награди за вашето човекољубие!!!, вли отец Оливер.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here