Денеска е Светата маченичка Кикилија

Date:

Share post:

Верски календар:05 Декември

МПЦ-ОА/ Светата маченичка Кикилија (Цицилија)

sveta-mucРодена е во Рим од богати и угледни родители. Имаше голема вера во Христа и голема ревност за верата. Заветувана на Бога на вечна девственост, под раскошните фустани што ѝ ги подаруваа родителите Кикилија носеше остра власеница. А кога ја присилија на брак, и тоа со некаков незнабожец, Валеријан, таа уште првата ноќ го посоветува младоженецот да отиде кај епископот Урбан и да се крсти, па потоа и самиот да живее во девственост. Откако ја прими Христовата вера Валеријан го обрати и својот брат Тивуртиј. Наскоро потоа обајцата браќа заради верата во Христа беа осудени на смрт. Кога ги водеа на губилиште тие успеаја да го обратат и водачот на стражата, Максим. Сите тројца заедно пострадаа за Господ Исус Христос. Св. Кикилија ги погреба нивните тела заедно. Тогаш беше изведена на суд и Кикилија, зашто непрестајно ги придобиваше незнабожците за Христовата вера. Само во една вечер придоби околу четиристотини души. Кога ја праша судијата од каде ѝ е толкавата смелост, таа одговори: „Од чиста совест и несомнена вера“. После тешки маки беше осудена на убиство со меч. Џелатот ја удираше по вратот трипати, но не можеше да ја убие; само ја рануваше и од вратот истекуваше крв којашто верните заради исцелување ја собираа во марами, сунѓери и садови. Три дена потоа Христовата маченичка Му го предаде својот дух на Бога, Којшто ја прими во Своето вечно блаженство. Света Кикилија со останатите пострада околу 230 година. Нејзините мошти почиваат во црквата со нејзиното име во Рим. Во западната црква Света Кикилија се смета за заштитничка на црковното пеење и музика.

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...