Денеска е Св. Тимотеј

Date:

Share post:

Верски календар: 23 јуни

МПЦ-ОА/ Св. свештеномаченик Тимотеј.

timotej sve 2Во четвртиот век свети Тимотеј беше епископ на градот Пруса (во денешна Турција). Имаше достигнато таква внатрешна чистота, што Бог му даде дар на чудотворство за помош на сите што беа болни или се наоѓаа во некоја неволја. Епископот на Пруса беше затворен за време на повампирувањето на паганството во Рим за владеењето на император Јулијан (361- 363), кого црквата го нарече Отстапник. Имено, овој беше христијански воспитаник, па дури покажуваше и наклонетост кон монаштвото, но кога дојде на престолот не само што заборави на се, туку и се натпреваруваше со претходните гонители на христијанството. А кога го затвори Тимотеј, многу христијани доаѓаа во затворот да се поучат од мудроста на овој епископ. Кога слушна за тоа, Јулијан нареди да го погубат, што и се случи во 362 година. Свети Тимотеј, за сведоштво пред светот, и по својата смрт продолжи да чудо¬твори преку своите мошти.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

Балканот повторно се наоѓа на крстосница меѓу вистината и манипулацијата, демократијата и авторитаризмот. Како што се приближуват изборите...

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...