Денеска е роденден на Архиепископот Стефан

Date:

Share post:

Архиепископот Охридски и Македонски, Стефан денеска полни 69 години. Тој е најмладиот Архиепископ на МПЦ. Избран е на таа позиција на 44 години. Повозрасни од него во Синодот на МПЦ се владиците, Петар, Тимотеј и Агатангел.

Г.г. Стефан е роден на 1 мај 1955 година во село Добрушево во Битолско. Неговото родено име е Стојан Велјановски. Роден е во монгудетно семејство како шеста рожба на неговите родители Тале и Стојанка.

По завршувањето на основното училиште, есента 1969 година се запишал во Македонската Православна Богословија „Свети Климент Охридски“ во Драчево – Скопје, која со успех ја завршил во 1974 година.

Теологија дипломирал на Белградскиот православен факултет, во во 1979 година. Светиот архиерејски Синод на Македонската Православна Црква го поставил за професор во Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“ во Драчево – Скопје, а веќе идната година бил испратен на последипломски студии на Екуменско-патролошкиот институт „Свети Николај“ во Бари – Италија, на кој магистрирал во 1982 година.

По враќањето од Италија бил предавач на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, по предметите Свето Писмо на Стариот Завет и Патрологија.

Замонашен е на 03 јули 1986 година во манастирот „Свети Наум Охридски Чудотворец“ во Охрид, а хиротонисан  за епископ на 12 јули 1986 година во храмот „Свети Димитриј“ во Скопје како митрополит Злетовско-струмички, а кратко потоа именуван за Митрополит на Брегалничката Епархија.

На  Црковно-народниот Собор, одржан на 9.10.1999 година, во Соборниот храм на древната Охридска Архиепископија „Света Софија“ во Охрид, бил избран, а следниот ден востоличен како петти Поглавар на Македонската Православна Црква. Истовремено е и надлежен архиереј на Скопската православна епархија.

1 COMMENT

  1. Уште многу години свет, богомудар и многуплоден пастирски подвиг како Блажен Поглавар на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...