Папата Франциск пристигна во Чиле со намера да ги смири односите, додека демонстрантите се лути поради локалниот скандал за сексуална злоупотреба на деца и наводното соучество на Ватикан во заштитување на сторителот, пренесе Индепендент.
Католичките демонстранти се сѐ уште огорчени од назначувањето на епископот Хуан Барос како предводник на малата епархија на Осорно на југот на земјата од страна на папата во 2015 година.
Барос е обвинет дека го заштитувал својот поранешен ментор, отецот Фернандо Карадима, по истрагата на Ватикан во 2011 година која го прогласи за виновен за злоупотреба на тинејџери со години.
Карадима ги негираше обвинувањата и Барос тврди дека не знаел за какви било погрешни чекори.
И покрај долготрајната контроверзност, десетици илјадници луѓе извикуваа „Вива Папа Франциск“ на улиците на патот од аеродромот, каде што папата беше пречекан од претседателката Мишел Бачелет во Ватиканската амбасада.
Папата Франциск за време на својот прв говор во посетата на јужноамериканската земја ја изрази својата „болка“ и „срам“ за скандалите на сексуална злоупотреба на деца што ја потресоа црквата во Чиле.
„Не можам да започнам да ги искажувам болката и срамот што ги чувствувам поради непоправливата штета што им е нанесена на децата од страна на црковните министри“, рече тој.
„Мора напорно да работиме за да бидеме сигурни ова да не се повтори“, додаде тој, пренесе АФП.
/МКД.МК