Честито – МПЦ-ОА го доби првиот владика Агностик?

Date:

Share post:

„Не ми е желба да примам награди овде, ако има нешто горе, на небесата…“ со овие зборови Владиката Петар се заблагодари за третоноемвриската награда за животно дело, што свечено, му беше доделена од општина Прилеп.

Иако во говорот постојано зборуваше како не сака да добива награди, сепак не пропушти да напомене што се успеал да направи за „доброто“ на МПЦ-ОА во периодот додека е Преспанско-пелагонски митропоилит и Администратор во една од епархиите во Австралија.

Што тоа точно сакаше да каже владиката Петар остана мистерија, но јавно искажаниот сомнеж „дали Горе на небесата има нешто“ го вбројува во редот на Агностици, филозофско-теолошки правец кој означува сомнеж за постиење на Бог, или виша сила.

Религоја.мк, сепак смета дека Владиката Петар не е Агностик, и дека оваа реченица е сплет на неговата во последно време проблематична мисла на изразување. Човекот е во години и понекогаш логичкиот след на речениците го прават „погрешно разбран“. Или пак бил премногу возбуден од наградата што ја добива, а тоа не е мала работа.

Иако многумина сепак ќе речат дека на тоа „дали има нешто горе на небесата…“, веројатно владиката не мислел на Бог, можеби мислел на материјални работи, но се тоа останува во доменот на широката мисла на широките маси.

Владиката Петар секако верува дека, „таму горе на небесата“, има нешто, а веријатно е и убеден што е тоа нешто…, бидејќи во спортивно не би бил владика.

Секако никој нема право да го оспорува ниту моментот дека нему му се издава признание за одданост кон верата и националните интереси, бидејќи навистина нема човек во црквата, кој сиот свој живот го посветил на „добриот архиерејски збор“ и човек кој „плени со љубов“ за време на неговите говори, а секако и постапки, особено внатре во црквата и надвор од нејзе.

И да не заборавиме дека е одличен во гласните способности за пеење патриотиски песни, секако на ручеци и вечери, по литургија…

Нека е за многу години Владико… и ич око да не ти трепнува за злобниците, кои сите овие години те хејтаа…

Слава му на Бога, што не успеа да стасаш до тронот на Охридските Архиепископи, а толку многу го посакуваше…

Но, таму горе на небесата… ништо не се знае…

1 COMMENT

  1. Секој православен христијанин добро знае дека една таква реченица од православен Епископ може само да значи “ако имам некоја награда за примање горе на небесата”, и сама по себе е знак на смиреноумие, никако не може да значи сомнеж во Божјото постоење. По толку децении христијански подвиг (особено во време кога малкумина обрнуваа какво било внимание на можностите за духовен живот, во долгодецениска атмосфера на доминантна атеистичка идеологија во општеството) нема никакви реални шанси Владиката Петар да не ја вкусил Божјата благодат (реалното, конкретно, опипливо сведоштво на присуството Божјо во душата на човекот) и уште помалку денес да заборавил на Бог. Само злонамерните толкувачи на неговите зборови, како што обично бива, бдеат над секоја негова беседа или изјава пред новинари за да го оцрнат и да пронајдат некакво тло за надградување на своите интереси. Инаку, таквите можат само меѓусебно да се хранат со своите “интелигентни” забелешки, но верниот народ ги слуша свештеникот и епископот со срцето, не се храни со демонски помисли од таков вид. Простодушноста не е недостаток во христијанскиот светоглед, родољубието уште помалку. Можевме да коментираме други епископи кои примија други награди, како заслуги на јавно одрекување од нивното родољубие, и тоа од центри на моќ со крајно сомнителна духовна конфигурација, но тие се на висок пиедестал на овој портал, а нам не ни е интересно да се занимаваме со изобличување на одамна препознати промашувања коишто македонскиот православен народ без ничија помш, коментар и толкување ги означи како мерзост пред Бога, пред Татковината и пред народот Божји. Впрочем, за се’ постои покајание, но ниеден простен грев не е без своја цена. Искреноста и брзоплетоста брзо ќе ја достогнат својата добра разврска, со оглед дека Бог ги гледа срцата на сите, но лажното преподобие ќе мора еден ден да се соочи со вистината за себе и да си ги урне своите идоли.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...