И Бугарскиот патријарх Неофит ги осуди воените дејствија во Украина и повика на мир и дипломатско решевање на конфликтот. Во својот апел вели дека крвопролевањето и одземањето на невини човечки животи е неприфатливо за сите кои бараат мир, единство и љубов во светот!
-Ги повикуваме сите оние од кои завис да го прекинат крвопролевањето и да го свртиме грбот на противречностите, да го почитуваат основното човеково право на живот и слобода и преку дипломатија да го постигнат посакуваниот мир што ни го остави во аманет Спасителот Христос ! Му принесуваме сесрдна молитва на Семоќниот Бог и Отец на мирот да ги прекине расправиите, немирите, и крвопролевањето, а меѓу народот повторно ќе владее мир и милост! Го молиме Господ да ги поддржи Своите верници кои сакаат и се стремат кон мир и разбирање, да го избави светот од злото на лукавиот кој го посеал семето на поделба и уништување преку отпаднати луѓе, и да го тестира Божјиот мир во светот преку Божјото создание – човекот!, пишува бугарскиот патријарх Неофит.

