Бугарската црква одигра за СПЦ по налог на Руската црква и ја понижи МПЦ-ОА

Date:

Share post:

Скандалозна одлука донел Синодот на Бугарската православна црква, откако пред три дена во Софија беше вториот човек на Руската православна црква, шефот на руската црковна дипломатијата, Митрополитот Антониј.

Информацијата се уште не е официјално објавена, но се очекува денеска Синодот на БПЦ во соопштение да ја обедлодени.

Сепак, според информациите на Религија.мк, кои се веродсотојни, бугарските владици одлучиле да го признаат Томосот што СПЦ го издаде за автокефалност на МПЦ-ОА, но половично. Што тоа значи? Значи дека за БПЦ, МПЦ-ОА ќе биде автокефална црква, но решиле да ја прекрстат и да и дадат друго име, не она кое СПЦ го призна. Па така наместо МПЦ-ОА, за БПЦ во иднина МПЦ-ОА ќе биде „православна црква на/во Република Северна Македонија“. Според информациите на религија.мк,  бугарските владици одлучиле да ја преименуваат и титулата на Архиепископот Стефан и од нејзе целосно да го исфрлат терминот „Охридски и Македонски“. БПЦ во својот диптих ќе го заведе Архиепископот Стефан како „Архиепископ Скопски и на Република Северна Македонија“.

Високи црковви извори од БПЦ, за Религија.мк велат дека ваквата одлука бугарските владици ја темелеле, на како што велат некои од нив: „слободниот простор за именување на Црквата во Скопје, што го оставал Томост на СПЦ“. За воља на вистината СПЦ изаде Томос на име МПЦ-ОА, но во него остави простор конечното име на црквата во Македонија да биде решено во договор со гркојазичните цркви.

Но, иако, Вселенската Патријаршија веќе одлучи дека МПЦ-ОА ја враќа во канонско единство како „Охридска Архиепископија“, со што практично и овозможи 1000 годишен континуитет на црковно нсалседство, архиереите на Бугарската црква, веројатно исплашени од тоа, одлучиле тоа да го оспоруваат и сами да и дадат друго име.

Но, во целата оваа ситуација се чини дека најспорно е однесувањето на Руската црква. Нејзиното влијание врз Бугарската црква е неспорно и сосема јасно, а тоа се гледа и од оваа одлука, што е директен резултат на нејзиниот притисок преку вториот човек на РПЦ, кој беше во Софија, но влијанието се огледа и од одлуката на Синодот на БПЦ да не одлучува за автокефалноста на православната црква во Укарина, што исто така било точна на дневен ред. Но, иако влијанието на Руската црква врз БПЦ е огромно, дали е  и недоволно за да БПЦ ја признае МЦП-ОА, како МПЦ-ОА? Вистинското прашање не е дали Руската црква не можела тоа да го издејствува, туку дали воопшто сакала.

Веројатно ова е добар повод „Копејка патриотите“, кои орбитираат околу Алрхиепископијата во Скопје, и оние внатре во МПЦ-ОА, конечно да разберат дека интересот на Руската црква не е воопшто автокефалност на МПЦ-ОА, туку МПЦ-ОА да ја направат црква дел од рускиот црковен свет, како инструмент против украинската автокефалност.

Инаку, иако веста за одлуката на БПЦ се уште не е обелоденета, поткрепа на информациите на Религија.мк, даваат и неколку бугарски медиуми, кои вечерва извесуваат за „полн успех на Руската црква“ и за „новата улога на БПЦ во руската црковна дипломатија“.

2 COMMENTS

  1. Факт е дека Руската Православна Црква ја призна МПЦ-ОА под нејзиното автентично и целосно име. Дури и кога се случи тоа излеговте со свои анализи во кои баравте подмолности. Не ви е на чест. Вашата информираност за задкулисни игри ширум Православието е пошокантна и од содржината на наведените игри. Или не можете да ги оправдате своите долги празни надежи во Бугарите.

  2. Целосно непотребни квази анализи. Секој ќе не признае како што сака. Сега СПЦ не признала како МПЦ, РПЦ како МПЦ, БПЦ не не признава заради СПЦ и РПЦ?!? За гревови анализа. И дајте престанете, само подгревате непотребни немири. Се ќе си дојде на место и се ќе излезе на виделина. Толку се чекало, сега вие за неколку месеци се ќе решите …

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img