Богдановски: Москва го следи секој чекор на МПЦ, бидејќи го поврзува со украинското прашање

Date:

Share post:

Андреја Богдановски, докторанд на Универзитетот во Бакингем, Велика Британија, во гостување во емисијата „360 степени“направи паралела меѓу руско-украинската криза и напорот на македонската црква да биде признаена.

„Индиректно може да се повлече паралела во делот на геополитичките поместувања на црковен и на политички план. Во анализите на западните политичари често изостанува црковната разврска по однос на украинското прашање за автокефалија кое Путин го смета за директен удар врз руската црква и Русија, со цел да се намали влијанието“, рече Богдановски.

Тој ги прокоментира и реакциите во Русија по одлуката на Царигрдската патријаршија да издаде томос за признавање на украинската православна црква, потег што го предизвика рускиот претседател, Владимир Путин, дури да го свика и Советот за национална безбедност.

„Москва, во овој дел, апсолутно го следи секој чекор на МПЦ,, бидејќи го поврзува со украинското прашање, со цел дополнително да го делегитимира напорот на МПЦ за добивање автокефалност, а со цел да си го реши црковното прашање коешто и се наметна со создавањето на новата православна црква во Украина. Станува збор за геополитички потег кој дефинитивно има реперкусии врз Балканот“, вели Богдановски и додава дека во моментов не се доволно силни надежите за решавање на македонското црковно прашање, пред сè, поради притисокот на Москва кон Цариград.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img