Од бакнување рака, преку барање благослови за успешен почеток, до палење свеќи за добро завршен крај. Средби, подароци, благодарници и ред други активности на кандидатите за градоначалници ја одбележаа предизборната и изборната кампања за овие локални избори.
Најголем дел од кандидатите, претежно од ВМРО ДПМНЕ, но и од СДСМ во своите предизборни активности ја имаа токму црквата, користејќи ја религијата како средство за собирање гласови.
Директно, или индиректно, во предизборната кампања беа вклучени и претставници на клирот на МПЦ-ОА, а некои од нив на моменти, преку социјалните мрежи, фаворизираа свои кандидати за локалната власт.
Потребата да се биде блиску до црквата, да се демонстрира својата религиозност, да се покаже својата безрезервна поддршка на црковните лица, не е непозната карактеристика на десноориентираните политички актери, но овие локални избори покажаа една поинаква, помасовна слика на ваква политичко-религизен дискурс во една изборна кампања.
Целата ваква слика остава вепечаток на на појава на нов политички феномен на клеропартизам.
Од плејадата политичко-религиозни активности можат да се набројат неколку.
Андон Сарамандов , Градоначалник на Општина Гевгелија, веднаш по изборот ја посетил Повардарската епархија во Велес. Таму го пречекал владиката Агатангел. На Фејсбук Сарамандов напиша дека имал „плодна средба посветена на заедничките вредности и соработка во интерес на нашата заедница.“
Благослов за почеток на вториот мандат, побарал Марко Колев, градоначалникот на Велес. Така тој напишал на Фејсбук за средбата исто така со владиката Агатангел.
-Му благодарам на Митрополитот и воопшто на Повардарската епархија за безрезервната поддршка, почит и благослов кон мене како градоначалник за водење на Општината. Верата во Бога и стремењето кон богоугодност и понатаму нека бидат двигател во се што правиме, пишува Колев.
Меѓу првите гости кои новиот градоначалник на Струмица ги прими во својот кабинет, по преземањето на функцијата, беше Струмичкиот викарен епископ Јаков. Петар Јанков и Епископот Јаков, разговарале на првиот работен ден на градоначалникот.
Истиот ден, отец Јаков посетил уште еден градоначалник во околината на Струмица. Во Ново Село на покана од градоначалникот разговарал со Ѓорѓе Божинов.
Новата градоначалничка на Кисела Вода, Бети Стаменковска денеска имала средба со архиепископот Стефан во неговиот кабинет.
-Со најдлабока почит го примив благословот од Архиепископот за успешно и чесно раководење со нашата општина – за работа во служба на сите граѓани, со вера, трпение и посветеност. Благословот е потсетник дека секоја наша постапка, секој проект и секоја одлука треба да бидат во духот на љубовта, човечноста и добрината, вели Стаменковска, потенцирајќи дека верува оти со Божја помош, со разбирање и со заедничка сила ќе продолжи да ја гради општината како место на среќа, напредок и заедништво.
-Нека светлината на верата и благословот на Неговото Блаженство бидат водилка во сè што правиме, пишува Стаменковска Трајкоска.
Демонстрирањето јавна религиозност беше каректеристика и пред почетокот на изборната кампања. Меѓу примерите кога кампањата стартуваше од црква е оној на кандидатот, а сега избран градоначалник на Бутел, Дарко Костовски. Утрото на првиот ден, откако запали свеќа во црква, на Фејсбук напиша.
-Кампањата ја започнувам таму каде што сум најмирен, спокоен и целосно присутен. Во Божјиот храм Св. Јован во Бутел. Во тишината човек се потсетува на суштинските нешта, на потребата да се слуша, да се разбере и да се гради со трпение. Овие моменти се потсетник дека секое наше дело мора да биде чесно и насочено кон доброто на заедницата. Тоа е патот по кој ќе продолжиме заедно, напиша Костовски.
Меѓу примерите на слична политичка активност од страна на опозициската СДСМ беше канддатот за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски. И тој по средбата со тамошниот митрополит Григориј, објави дека од него побарал благослов.
-На големиот празник Вера, Надеж,Љубов и мајка им Софија бев да побарам благослов од Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григори. Со верба и кроткост до благосостојба и успех, напиша Костовски.
Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски пак отиде и чекор напред. Откакао стана градоначалник, а за време на кампањата често посетуваше цркви, му додели благодарница на Епископот Делчевско-каменички Марко.
Иам уште многу други примери, кои на еден или на дриг начин ја втурнаа црквата во предозборната кампања.
Во тој контекст беше и осветувањето на новата црква во центарот на Скопје, ден пред почетокот на изборната кампања. Тој настан ја собра политичката елита и од власта и од опозицијата. Беше регистриран и сучај кога еден владика беше гостин на митинг на влаеачката ВМРО ДПМНЕ.
Изборите завршија, резултатите покажаа дека некаде благословот фати, а некаде не.

