Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх Киро Стојанов се сретнал и разговарал луѓето мои ги користат народната кујна на сестрите Мисионерки на љубовта – познати како сестри на Мајка Тереза.
Како што пишува интернет порталот, Католици.мк, Бискупот одговарал и на прашања од корисниците на кујната, поврзани со христијанството и верата.
-Бискупот Стојанов искажа искрена благодарност до сестрите Мисионерки на љубовта за нивното големо залагање, за ближните во потреба, при што ги повика корисниците со своите молитви да допринесат Господ Бог да ги обдари сестрите со сите милости кои им се потребни за да можат со истиот жар и истата љубов да продолжат да ја исполнуваат својата мисија, пишува Католици.мк.
