Бачкиот епископ Иринеј му се заканува на Вселенскиот патријарх, ако прогласи автокефалност во Македонија

Date:

Share post:

Бачкиот епископ на СПЦ Иринеј Буловиќ вели дека дека би било грешка ако вселенскиот патријарх донесе еднострана одлука за афтокефалност на „канонски непризнаените цркви во Македонија и Украина, бидејќи на тоа би му се спротивставил целиот православен свет“.

– Цариградскиот патријарх е прв меѓу еднаквите, а не прв без еднаквите. Затоа и, не дај Боже, да постои намера на сесветиот патријарх Вартоломеј за некаква еднострана и произволна пресуда во случајот на скопскиот и украинскиот раскол, тоа ќе биде израз на голема заблуда, голема духовна грешка и од аспект на поредокот на православната црква и канонските закони, целосно ништавно, изјави владиката Иринеј за „Политика “.

Тој истакна дека говори целосно хипотетички, бидејќи длабоко верува дека до тоа нема да дојде.

– Доколку до тоа дојде, под политички или други притисоци и поттикнувања, тоа би предизвикало решавачко несогласување и спротивставување, не само во словенскиот православен свет, туку и пошироко во православието, рече Иринеј.

„Политика” потсетува дека патријархот Вартоломеј неодамна ги повика сестринските цркви да ја прифатат „црквата во Скопје” во православно единство и дека истакнал оти „апостолска должност на црквата е да бара начини за спасение на нашите браќа во Скопје и Украина”.

Според „Политика“ на ова реагирал протоерејот Всеволд Чаплин, од Руската православна црква, кој оценил дека со давањето на автономија на украинската и на „македонската црква против волјата на нивните мајки цркви, руската и српската, може да дојде до раскол во православниот свет.

/МИА

2 COMMENTS

  1. Политически мегаломански постимперски лъжецърковен лъжеканонизъм, хегемоизъм, шовинизъм , бесноватост. Къде си, Боже?!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...