Атеистите и нерелигиозните соочени со растечки угнетувања во светот

Date:

Share post:

Атеистите и секуларните хуманисти се соочуваат со растечки угнетувања и дискриминација во светот, особено во државите каде што нивните права не се почитуваат. Ова е заклучокот на најновиот извештај на „Меѓународната хуманистичка и етичка унија“ (IHEU), направен во 2015 година на глобално ниво.

Во него се потенцира дека изминатава година во некои муслимански земји многумина биле убиени од страна на екстремисти или осудени на долги затворски казни само за изразување на своите ставови.

Во 13 држави, сите во муслиманскиот свет, се пропишува смртна казна за „отпадништво“, или напуштање на официјална државна религија, или за богохулство, а како казни за неверниците се применуваат и камшикувања и долги затворски казни.

Иако е официјално секуларна, во Бангладеш во 2015 година се забележани пет одделни убиства на атеисти

-Минатата година  е забележа и пораст на говорот на омраза против атеистите и слични групи, стои во извештајот на IHEU, кој потенцира дека особено загрижувачка е состојбата во територијата под контрола на ИСИЛ.

ateistiПосебно интересни за анализа се состојбите во државите кои до пред „пролетната револуција“ беа секуларни и нарекувани диктаторски, а сега по падот на режимите, „демократски“ како Египет на пример, каде според извештајот, јавно е прогласена “војна против атеизмот”.

Во Малезија пак брендираниот хуманизм, секуларизмот и либерализмот се сметаат како закана за исламот како државна религија, а со тоа и за државната безбедност.

Извештајот заклучува дека ваквото однесување од страна на владите, ги охрабрува “фундаменталистичките одмаздници”  да го нападнат секој кој ќе изрази критики кон исламот.

Но, проблемите на атеистите и хуманистите не се ограничени само на муслиманскиот свет.

Во многу африкански земји, каде што доминираат различните форми на христијанство, атеизмот често се третираа на ист начин како хомосексуалците и лезбејките и е подложен на малтретирање, јавни напади во медиумите, но и напади од црквните проповедници. Тоа е пропратено со протерување од работни места, забрани за студирање, па дури и брутални напади и убиства.

Според IHEU и некои западни земји што ја изразат својата поддршка за универзалните човекови права, исто така, се вклучени во дискриминацијата врз атеистите и хуманистите.

Се посочува примерот со Велика Британија, каде е забележан се поголем замав за освојување на образовен систем од верски организации, каде за упис во школите се бара родителите да покажуваат религиозност.

Во извештајот е посочена и Канада, каде и покрај тоа што е силна уставната заштита на слободата на мислење и изразување, на сила се и значајни верските права.

Атеистите и хуманистите не се најслободни ниту во САД каде за своите граѓански слободи често треба да се борат, стои во извештајот на меѓународната хуманистичка и етичка унија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

Балканот повторно се наоѓа на крстосница меѓу вистината и манипулацијата, демократијата и авторитаризмот. Како што се приближуват изборите...

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...