Во кабинетот на Архиепископот Стефан денеска се случила значајна средба. Поглаварот на МПЦ-ОА, г.г Стефан го примил рускиот амбасадор Сергеј Баздникин. Средбата е значајна, затоа што, како што објави Скопската епархија, таа е била проштална.
-На 3.12.2025 г., Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан оствари проштална средба со Неговата Екселенција г. Сергеј Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во Македонија. На средбата присуствуваше и Секретарот на Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА, Епископот Хераклејски г. Климент, пишува во соопштеието скопската епархија.
Архиепископот и рускиот амбасадор се добри пријатели. Но, Баздникин заминува од Македонија. Како и да е ќе дојде нов.

