Митрополиот Шио (Мужири), местобљустител на патријаршискиот престол и Митрополит на Сенаки и Чхоротску, го прими Архиепископот Илија од Хелсинки и на цела Финска, претстојател на автономната Православна Црква на Финска, за време на официјалната посета на Патријаршијата на Грузија.
Средбата се одржа во дух на заемна почит и на братски дијалог. Двајцата архијереи разговараа за прашања поврзани со духовниот и пастирскиот живот на нивните Цркви, нагласувајќи ја важноста на меѓуправославната соработка и унапредувањето на единството меѓу православните верници ширум светот.
Архиепископот Илија пренел срдечни поздрави од свештенството и верниот народ на Православната црква на Финска и изрази благодарност за топлиот пречек од страна на Грузиската црква.
Митрополитот Шио, пак, ја истакна важноста од зајакнувањете на братските односи меѓу Грузиската и Финската црква, засновани на заедничката православна вера и духовното наследство.
Посетата го потврди духот на заедништво и меѓусебна поддршка што ја одликува врската меѓу овие две Цркви.
/Orthodox Times

