Архиепископ Елпидофор: „Нашата заедничка мисија е надвор од политички конфликти“

Date:

Share post:

Архиепископот на Америка, Елпидофор, зборувајќи за односите меѓу Православните цркви, нагласил дека не ги гледа своите братски архиереи и нивните официјални претставници како „агенти на странски држави“, туку како соработници во Црквата, истакнувајќи дека „братската љубов не е променета и не се намалува“.

Тој, исто така, се осврнал и на прашањето за односот помеѓу Црквата и политиката. „Сите ние заедно ја препознаваме опасноста кога Црквата се вплеткува во политички прашања, и тоа може да го загрози нејзиниот идентитет и нејзините верници“, изјавил Елпидофор.

Во изјавата, тој се потсетил и на Декларацијата усвоена на 15 септември 2024 година од Собранието на епископи на Грчката православна архиепископија на Америка, која се однесува на украинскиот закон 3894. Тој потенциралдека Црквата се моли за мирно решение кое ќе ги штити правата на сите граѓани, без оглед на етничка или верска припадност. „Како православни христијани, секогаш треба да паметиме дека сме ‘во’ светот, но ‘не сме од’ светот. Тоа значи да градиме односи и да лекуваме рани, наместо да ги поттикнуваме меѓусебните тензии“, порачалархиепископот.

Тој ги повикал свештениците и верниците на воздржаност и разум во меѓусебните односи, повикувајќи ги да се се сеќаваат на зборовите на апостолот Павле: „Љубете се едни со други срдечно, со братска љубов; натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг (Рим. 12, 10)

Во пресрет на празничната подготовка за големиот христијански празник Божик, архиепископот им посакал на сите благословен пост и духовен раст, поттикнувајќи ги да се молат и за мир во светот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img