Антиохиската Патријаршија ќе сослужува со МПЦ ОА

Date:

Share post:

По одлуката на Цариград, МПЦ ОА ќе сослужува и со Антиохиската патријаршија е последната вест во Православниот свет.

МПЦ-Охридска Архиепископија од денеска ќе може да сослужува со клирот на Антиохиската Патријаршија, која е една од четирите древни Цркви на православниот Исток и е трета по чест, по Вселенската и Александриската.

На својата вонредно заседание, кое се одржа од 12 до 17 октомври 2022 година во Баламанд, Светиот Антиохиски Синод, со кој претседаваше Неговото Блаженство Патријархот Јован, меѓу другото ја прифати и потврди одлуката на Вселенската Патријаршија од 9 мај оваа година, со која нашата Црква беше примена во евхаристиско и канонско единство.

Во официјалното соопштение од Синодот на Антиохиската Патријаршија, во врска со нашето прашање, дословно се вели

„Отците му се заблагодарија на Бога, изразувајќи ја својата радост за враќањето на Православната црква во Република Северна Македонија во евхаристиско заедништво со вселенската Православна Црква. Тие, исто така, изразија аспирација што поскоро да се постигне општ православен консензус за името и правниот статус на оваа Црква.“

 Инаку за потсетување, Антиохија е под влијание на Русите, сепак се држи до стариот Канонски ред и ја уважува одлуката само на Вселенската патријаршија

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img